Со државна помош ќе се воведува халал

Bez autora
Mar 02 2014

До 30 април компаниите да аплицираат за добивање субвенции за воведување халал-стандард за безбедна храна, изјави вчера министерот за економија Ваљон Сараќини. Државата првпат обезбедува поддршка за имплементирање на овој стандард и бизнис-заедницата тоа треба да го искористи. Целта е, напомена Сараќини, зголемување на конкурентноста и освојување трети пазари. Проектирани се вкупно 3,1 милиони денари за целосно воведување халал во околу 10 компании. Очекувам до 30 април да се пријават барем толку и да добијат пари ако ги исполнуваат потребните услови, рече министерот по вчерашниот состанок со стопанствениците. Во последните 20 години само 11 домашни компании вовеле халал, а кај четири е во тек процедурата за имплементација.

Со државна помош ќе се воведува халалДо 30 април компаниите да аплицираат за добивање субвенции за воведување халал-стандард за безбедна храна, изјави вчера министерот за економија Ваљон Сараќини. Државата првпат обезбедува поддршка за имплементирање на овој стандард и бизнис-заедницата тоа треба да го искористи. Целта е, напомена Сараќини, зголемување на конкурентноста и освојување трети пазари.

- Проектирани се вкупно 3,1 милиони денари за целосно воведување халал во околу 10 компании. Очекувам до 30 април да се пријават барем толку и да добијат пари ако ги исполнуваат потребните услови - рече министерот по вчерашниот состанок со стопанствениците.

Во последните 20 години само 11 домашни компании вовеле халал, а кај четири е во тек процедурата за имплементација.

- Во почетокот имаше многу голем интерес за воведување халал, а сега кога Владата обезбедува субвенции за да бидеме поконкурентни и да влеземе на трети пазари, одѕивот е многу мал - истакна Мендерес Kучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

На пазарите во ЕУ, САД, Австралија, с` повеќе се бараат халал-производи. Стандардот не се однесува само на прехранбената индустрија, туку и на фармацијата, туризмот, угостителството, козметиката, производството на амбалажа.

- Халал подразбира двојна проверка на производите и контрола на ХАЦЦП. Воедно значи потврда за безбедна храна. Голема предност е и создавањето додадена вредност особено кај компаниите што полагаат на општествената одговорност и кои се грижат за создавање добар однос со потрошувачот - потенцира извршниот директор на Стопанската комора Јелисавета Георгиевска.

Според неа, две третини од земјите на ЕУ иако не се со исламска вероисповед, користат производи на кои е поставен знакот дека го задоволуваат халал-стандардот за квалитет.

- Македонските компании за да бидат конкурентни, извозно способни и за да можат да освојуваат странски пазари во иднина с` повеќе ќе мора да го имплементираат халал-стандардот. Ова не се однесува само за земјите со доминантно исламско население, зашто с` повеќе овој стандард се бара и во ЕУ, САД, Австралија - посочи Митко Алексов од Сојузот на стопански комори.

Во Хрватска, за споредба, 60 компании имаат халал-сертификат, а во БиХ - 50 фирми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik